Stomatologija03
Stomatologija04

Стоматолошкиот Центар Дентал Крафт нуди широка палета на заботехнички услуги. Од бесплатен преглед и консултации со стоматологот, преку чистење на забен камен, наједноставни стоматолошки интервенции, поправање и пломбирање на заби, па се до најсложени хируршки зафати, лекување на каналите на коренот, изработка и вградување на мостови, коронки и многу друго. Но за почеток сакаме да напоменеме дека Стоматолошката Oрдинација Дентал Крафт покрај оралното, води особена грижа и за општото здравје на пациентите. За таа намена користиме висококвалитетни продукти од реномираната компанија OCC Switzerland. Имаме воведено највисоки хигиенски стандарди со цел одржување на хигиената во самата ординација, а особено внимание посветуваме на стерилизацијата на инструментите и апаратурата. За нас е првенствено важно нашите пациенти да бидат информирани дека хигиената во ординацијата е на највисоко можно ниво и дека во таа насока даваме гаранција во секој поглед.


ЕНДОДОНЦИЈА

Едно од најважните правила во стоматологијата е да се зачува сопствениот заб. Во таа насока, Стоматолошката Ординација Дентал Крафт располага со најсовремен апарат ENDO PILOT кој е од германско потекло и овозможува користење на различни програми во зависност од случајот, со цел правилно лекување на каналите од коренот на самиот заб. Со овој современ апарат просторот за грешка е сведен на минимум или кажано со други зборови – успехот е загарантиран, од причина што апаратот нуди опција за ретретман, односно повторно третирање во случај на претходен евентуално неуспешен третман. Користењето на овој апарат има и друг голем бенефит во корист на пациентот, односно овозможува комплетниот третман да биде изведен согласно највисоките стандарди за работа во асептични услови користејќи KOFFERDAM техника и средства за иригација.


ПРОТЕТИКА

Секое протетско помагало од наша страна се изработува со посебно внимание. Во текот на стругањето водиме особена грижа за глеѓта и ткивата околу забот со цел да го зачуваме биолошкиот сооднос помеѓу забот и гингивата. Секаде онаму каде е можно забите ги препарираме со стапалка, што е предуслов за долговечност како на забот и околното ткиво, така и на самото протетско помагало. Самата процедура ја изведуваме колку е можно побезболно, а воедно ги применуваме и највисоките стандарди за стерилно работење, што е од пресудно значење за изработка на протетско помагало од кое се очекува долготрајно извршување на својата функција. Дентал Крафт располага со CAD/CAM, односно најсовремен компјутерски центар за дизајнирање и изработка на различни видови на протетски помагала, што на прво место гарантира одлична функционалност и врвна естетика. Кажано со други зборови, токму поради нашето искуство и строго пропишаните правила на работа, нашите протетските помагала овозможуваат непречено функционирање (јадење и зборување), долговечност и беспрекорен природен изглед.


ИМПЛАНТОЛОГИЈА

Доколку не се испочитуваат пропишаните правила и прописи, вградувањето на имплантите може да биде мeч со две оштрици. Затоа ние во Дентал Крафт при секое планирање за вградување на импланти ги користиме следните методи кои на светско ниво до овој момент се покажале како најуспешни:

По добиената 3D, CBCT скен, односно тродимензионална панорамска снимка, според која правиме софтверско планирање на поставувањето на самите импланти во коската;

Имплантирање со најсовремен апарат од австриско потекло (Физио Диспензер), кој нуди најсовремени програми за хируршки интервенции, меѓу кои и разни програми за имплантирање во зависност од типот на коската;

Мерење на остеоинтеграцијата на имплантот во коската со најсовремен апарат од шведската реномирана фирма OSSTELL, што е од огромно значење при донесување на одлуката од страна на стоматологот кога да се оптерети самиот имплант со протетско помагало и каков вид на протетско помагало е најсоодветен во дадениот случај.